Почнува модернизацијата на вториот блок на ТЕ "Битола"

Bez autora
Jul 05 2011

Во РЕК "Битола" почна модернизацијата и автоматизацијата на вториот блок на термоелектраната. Предвидените активности ќе се одвиваат во наредните три месеци, со што се реализира втората фаза од Проектот за модернизација и автоматизација на турбоагрегатите на овој најголем енергетски капацитет. Модернизацијата почна минатата година со првиот блок, а се очекува да заврши идната година со третиот блок на термоелектраната. Оваа најголема инвестиција од изградбата на комбинатот во 1988 година вредна 55,9 милиони евра ја изведува руската компанија Силовие машини" и нивниот подизведувач Сименс - Хрватска", а на принципот клуч на рака.

Почнува модернизацијата на вториот блок на ТЕ Во РЕК "Битола" почна модернизацијата и автоматизацијата на вториот блок на термоелектраната.

Предвидените активности ќе се одвиваат во наредните три месеци, со што се реализира втората фаза од Проектот за модернизација и автоматизација на турбоагрегатите на овој најголем енергетски капацитет.

Модернизацијата почна минатата година со првиот блок, а се очекува да заврши идната година со третиот блок на термоелектраната.

Оваа најголема инвестиција од изградбата на комбинатот во 1988 година вредна 55,9 милиони евра ја изведува руската компанија Силовие машини" и нивниот подизведувач Сименс - Хрватска", а на принципот клуч на рака.

Модернизацијата и автоматизацијата на турбоагрегатите на ТЕ "Битола" насочена е пред се на зголемување на доверливоста на работата на термоелектраната и продолжување на нејзиниот експлоатациски век за најмалку уште 120.000 работни часови.

- Со оваа инвестиција Електрани на Македонија очекуваат да се зголеми инсталираната моќност на секој од трите агрегати на ТЕ "Битола" за дополнителни 8,32 мегавати по блок, односно вкупно 25 мегавати за трите блока, што ќе резултира со зголемување на производството на електрична енергија за 160 до 200 гигават часови на годишно ниво, без зголемување на потрошувачката на јаглен - се вели во соопштението од ЕЛЕМ.

Со реализацијата на овој проект драстично ќе се редуцира динамиката и оперативните трошоци за ремонти и тековно одржување на термоелектраната во наредниот период. Се очекува со модернизацијата и автоматизацијата на вториот термо блок да се постигнат истите резултати кои се остварија со модернизацијата и автоматизацијата на првиот термо блок, која успешно е извршена во минатата година.

Моментно, по успешно завршениот редовен ремонт на третиот блок на термоелектраната, РЕК "Битола" ќе работи со два агрегата на мрежа и без проблеми ќе испорачува електрична енергија потребна на електроенергетскиот систем на државата за овој период од годината.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik